Соиграчот на Кирил Лазаров од Барселона, Никола Карабатиќ е избран за најдобар ракометар на 12-то Европско првенство во Данска.

Тој селекцијата на Франција со 27 погодоци и безброј добиени дуели во одбраната ја предводеше до финалето каде ќе се сретне со актуелниот првак Данска.

Франција голем дел од ракометарите ги промена во овие години, но пак на репрезентацијата лидер остана Карабатиќ.

Мх.П.