Годинашното мото на Светскиот ден на срцето, кој се одбележува денес на сите континенти во светот, а во организација на Светската федерација за срце, бројни стручни здравствени здруженија, медицински установи и невладини организации, не потсетува дека срцето треба да си го сакаме и да го познаваме, велат од ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања-Охрид.
Нашата Болница е една од првите здравствени установи во земјава која се придружи кон одбележувањето на овој ден, затоа што здравјето на срцата на илјадници луѓе е наша секојдневна грижа. При секоја средба со нашите пациенти со секој даден совет ние ја подигаме свеста за важноста на кардиоваскуларното здравје. Идејата е на овој ден со пораките да допреме до што поголем број на луѓе , вкучително и оние кои досега немале здравствени проблеми, за важноста од константна грижа за здравјето на срцето преку негување на здрави навики на живот и елиминирање на сите ризик фактори кои можат да бидат корегирани, велат од Болницата.

Користи го срцето! Познавај го срцето!- порачуваат од Болницата.
OhridNews
















