Во Кардиолошкиот Завод во Охрид денес се реализира акцијата за бесплатни прегледи на крвен притисок и ЕКГ прегледи, кои оваа реномирана здравствена установа ги прави како дел од активностите предвидени во рамки на „Недела на борба против  хипертензијата“ која се одбележува и во Охрид.

– Една од нашите цели е подигнување на свеста за превенцијата и објаснување на граѓаните колку е важна превенцијата на високиот крвен притисок,како да ги избегнуваат ризик факторите,  што е исклучително важно за да се заштити здравјето и да се превенира овој голем ризик фактор во кардиоваскуларните заболувања – изјави Д-р Слаѓана Тупаре – Субспецијалист кардиолог.

Тимови на Кардиолошкиот Завод утре ќе вршат мерења на притисок кај вработени во локалната самоуправа, а во петок прегледи ќе се вршат и во СВР Охрид и Противпожарната служба.

OhridNews