Поради пандемијата на коронавирусот, банките забележаа значителен пад на побарувачката за готовина – во просек 20 проценти.
Во Германија, некои поради тоа исклучија дел од банкоматите од употреба. Намалена е и побарувачката за потрошувачки кредити, како и незаконските пречекорувања на тековните сметки. Парите се трошат внимателно.
Иако хартиените пари сè повеќе се заменуваат со картички и мобилни дигитални пари, за многумина дури и денес, животот без готовина е незамислив. Во блиска иднина, наместо допирање или вметнување на картичката во банкомат, ќе биде доволно само да се погледне во банкоматот за да се подигне готовина, пишува ХРТ, а пренесува Бизнис весник.

Банкоматите имаат безбедносни опции кои спречуваат измами и употреба на фотографии, видеа или маски за потврда на идентитетот. Сè што треба да направи корисникот е да го внесе својот единствен идентификациски број и да застане пред камерата која поддржува технологија за препознавање ликови. Како предност на овој начин на користење банкомати без картички, се потенцира безбедноста бидејќи картичките можат да бидат украдени.
OhridNews











