Институтот за фудбалска историја и статистика (IFFHS) од Келн, го избра Икер Касиљас за најдобар светски голман во 2012 година.

Чуварот на мрежата на Реал Мадрид и шпанската репрезентација, ова
признание го освојува петта година по ред, откако претходно, во периодот
2003-2007, го освојуваше второто, третото и два пати четвртото место. Касиљас освои 224 гласови, речиси 100 повеќе од Џиџи Буфон.

Изборот на IFFHS за голман на годината:

1. Икер Касиљас (Реал Мадрид/Шпанија) 224

2. Џиџи Буфон (Јувентус/Италија) 128

3. Петр Чех (Челзи/Чешка) 92

4. Мануер Ноер (Баерн Минхен/Германија0 85

5. Џо Харт (Манчестер Сити/Англија) 26

6. Виктор Валдез (Барселона/Шпанија) 15

7. Касио Рамос (Коринтијанс/Бразил) 14

8. Самир Хандановиќ (Интер/Словенија) 8

8. Иго Лорис (Тотенхем/Франција) 8

“Макфакс“