Изворот на „Билд“ од Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), очекува дека Етичкиот комитет на оваа организација ќе препорача гласањето да биде повторено, откако веќе неколку месеци не престануваат сомнежите дека Катар победил со купување на гласовите на членовите на Извршниот одбор на ФИФА.
„Доколку дојде до повторување на гласањето, во тој случај не би гласале само членовите на Извршниот одбор на ФИФА, туку и преставници на сите 209 земји членки на оваа организација“, наведува „Билд“.
Фудбалскиот магазин „Франс фудбал“ минатата недела ја објави аферата Катаргејт, во која ги спомна поранешниот француски претседател, Николас Саркози и претседателот на УЕФА Мишел Платини.
За време на гласањето за домаќин на Мундијалот во 2022 година, кое беше одржано на 2.декември 2010 година, Катар победи во конкуренција на Австралија, САД, Јапонија и Јужна Кореја.