Христијаните католици денеска го слават Раѓањето Христово – Божик. Според грегоријанскиот календар, на денешен ден бил роден Исус Христос, Син Божји. Низ целата планета синоќа се одржуваа полноќни миси во слава на Спасителот. Секако главната церемонија беше во Рим каде Папата Бенедикт синоќа заедно со 36 кардинали отслужи миса која беше пренесувана во многу земји.
Во Католичката Црква во Охрид, синоќа и утринава се одржаа литургии на кои се славеше Исус и неговото дело. Чиноначалствуваше Отец Стјепан Кушан, пред повеќе верници од Охрид, како и гости од Хрватска, Германија, Америка и др.
Иако во Охрид и околината има само стотина католички верници, Отец Кушан ја нагласува универзалната порака која ја има славењето Божик. Католичката црква во Охрид има фондови кои помагаат на сите кои се загрозени или немоќни без разлика на верската припадност.
„На моја иницијатива, а во соработка со Отец Диме од православната црква „Св. Ѓорѓија“ организираме бесплатни курсеви по англиски и германски, помагаме на децата заболени од церебрална парализа и на социјално најзагрозените“ – вели Отец Стјепан. На прашањето дали постои тенденција за „приближување“ на католичката и православна црква, дипломатски одговара: „Можеме да прашаме дали некогаш и имало оддалечување. Еве ги честитките кои денес ги добив од г.г. Стефан и од владиката Тимотеј. Не можам со сила да ги натерам да ми честитаат. Со Православната Цркава во Македонија, отсекогаш сме имале добра соработка“, рече отец Стјепан.
Утринската литургија Отец Стјепан ја заврши со „Одете во мир“, со што на сите верници им го честита Божик и им посакува добро здравје и среќа. Охрид, 25.12.2006 С. Костоски
Форумот на словенските култури, во соработка со НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид, организира меѓународна работилница под наслов „Заштита и промоција на културното насле...
Вкупно 136305 туристи се евидентирани во земјава во септември 2026 година кои оствариле 264370 ноќевања, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика Во септември 2026 година, од вкупниот...
Регионални експерти, претставници на владините институции, шумарските институции, општините, академската заедница, граѓанското општество, развојните партнери и бизнисите поврзани со шумарството од ...