50 односно 4000  евра е казната за физичките или правни  лица за истоварен песок или  оставен хаварисан автомобил на тротоар.
Градските инспектори со апел до охриѓани, да го подигнат градежниот материјал и шут од јавните површини. Во теков на неделава ќе спроведат акција за чистење на сите градски улици  и тротоари од ваков непотребен материјал. Казните се спроведуваат на лице место вели  раководителот на Локалниот инспекторат, Танас Танасоски.
-Изминатиов период имаме пропишано бројни прекршочни пријави за они кои оставаат песок, штици и друг градежен материјал на јавни површини. За физичките лица глобат е 50  а за правните лица 4 000 евра, истакнува Танасоски.  
Не помали се казните за паркираните возила на јавни површини кои не се во возна состојба.
Чешлањето  на нечистите јавни површини започнува од Горна Влашка мала па во Центар се до населбите кај охридскиот факултет за туризам. 
А.Б.