
Наградите се наменети за мали средни и големи препријатија и ќе се доделуваат за следните категории Однос кон вработените; Етичко управување; Односи на пазарот со снабдувачите, потрошувачите или купувачите; Однос кон животната средина и Вложување во заедницата. Оваа година првпат ќе се додели и Признание за најинвентивен проект или практика.
-Целта на Наградата за најдобри општествено одговорни практики на претпријатијата е да промовира позитивни практики на општествено одговорно делување на претпријатијата во Македонија и да инспирира воведување и натамошно унапредување на општествената одговорност на претпријатијата. Едно претпријатие може да аплицира само со еден проект во една категорија, а може да учествува со повеќе проекти доколку се во различни категории. Големината на буџетот за одредена практика, не е одлучувачки фактор, туку идејата, квалитетот на проектот, како и постигнатите резултати. Наградените ќе бидат избрани од страна на стручни жири комисии, пишува во насоките за апицирање.
Апликациите за пријавување, со насоки и критериуми за селекција се достапни на веб страницата на Министерството за економија, а пријавите може да се доставуваат најдоцна до 30‐ти јуни 2015 година.
Националната награда и оваа година е помогната од проектот „Општествена одговорност за сите“, кој е кофинансиран од Европската унија и во Македонија го спроведува Бизнис Конфедерација на Македонија.
OhridNews










