Согласно Програмата за конкурентност иновации и претприемништво за 2016 година, Министерството за економија објави Јавен повик за Субвенционирање на претпријатија во сопственост и управувани од жени преку кофинансирање до 70% од трошоците, но не повеќе од 120.000 денари.

За трошоци во оваа програма се сметаат трошоците за Набавка на опрема и алат; Уредување и подобрување на деловниот простор; Грижа за чување на деца од предшколска возраст за жени кои отпочнуваат соствен бизнис, но не повеќе од 30.000 денари.

Право на учество на Јавниот повик имаат претпријатија управувани од жени кои не добиле буџетски средства од проектите во 2014 и 2015 година; Препријатија кои се во сопственост на жени најмалку 50% и управувани од жени државјани на Република Македонија; имаат минимум двајца вработени на неопределено работно време; имаат деловно седиште во Република Македонија и ги имаат подмирено сите обврски кон државата.

Овие субвенции не се наменети за препријатија чија основна дејност е трговија, примарно земјоделско производство и рибарство, образование, наука и туризам; за правни и физички лица кои вршат дејност од областа на здравството, адвокатурата, нотаријат, како и извршители, стечајни управници, проценители и слично. Исто така овие субвенции не се однесуваат на претпријатија над кои е покрената стечајна постапка.

Крајниот рок за аплицирање на овој јавен оглас 31-ви мај 2016 година.

OhridNews