Советот на општина Охрид денеска ќе ја одржи 27-та седница,  на чиј дневен ред меѓу другото ќе се најде и донесувањето на буџетот на општина Охрид за 2007 година.

Советниците ќе расправаат и по предлог програмите за инвестиции и одржување на општината за 2007 година, за работата на ЈП “Охридски Комуналец“ во 2007 година, како и за програмата за изработка на урбанистички планови за наредната година.