Општинската организација на Либералната партија од Охрид во понеделник ќе одржи изборно Собрание, на кое според најавите треба да бидат избрани нови органи на огранокот, како и нов претседател.
Тоа всушност претставува обид за реафирмирање на оваа партија на локалната политичка сцена.
Изборното собрание на општинската организација на Либералната партија ќе се одржи во Општина Охрид, понеделник, во 20.30 часот.
OhridNews