Годинава по петти пат во регионот ќе се одбележи Денот на реката Дрим. Овој проект го опфаќа басенот на реката Дрим вклучувајќи ги двете Преспански Езера, Охридското Езеро  а со тоа и земјите:  Грција, Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора. Централниот настан во Македонија годинава  ќе се случи на 4 мај, петок од 11 часот во ОУ „Христо Узунов“ во Охрид.

Организатор на настанот–прославата на „Денот на Дрим“ е Здружението „За Трпејца со љубов“ кое во текот на април и до средината на мај заедно со партнерска организација „Интелектуална жена“ од Поградец–Албанија го реализираа проектот: “СИНО-ЗЕЛЕНО наспроти ЦРНО-СИВО”. Проектот е финансиран од Глобалниот еколошки фонд–ГЕФ Дримски проект кој се реализира во 5 држави.

Во сабота на 5 мај проектот ќе биде презентиран и во Поградец–Албанија со присуство и на претставници на Здружението „За Трпејца со љубов“.

OhridNews