Од утре во сите Центри за јавно здравје во Македонија ќе се одржуваат бесплатни советувања за откажување од пушење. Предавањата ќе ги држат доктори и медицински сестри, а ќе биде можна соработка и со психолог, во зависност од околностите.

Министерот за здравство, Никола Тодоров, информира дека советувалиштата до средината на август ќе бидат достапни само за лекарите, а од 20. август за сите граѓани. Посебни термини во Центрите за јавно здравје ќе бидат воведени за советувалиштата за адолесцентите.

„Советувалиштата ќе почнат со околу 100 здравствени работници, вработени во самите Центри за јавно здравје каде ќе се спроведуваат, а потоа и со останатите здравствени работници од сите јавни здравствени установи во Македонија со цел понатаму да можат да придонесат кон одвикнување од пушење кај нивните пациенти”, рече Тодоров.

Едукациите ќе се одржуваат два пати неделно по два часа.

OhridNews

извор Макфакс