Од Ј.П.”Охридски Комуналец” информираат дека на ден 12.05.2012 год.(сабота) се организира акција за подигање на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети,теписони и др.)  во реон опфатен со границите на улиците: “Македонски Просветители”, “Партизанска”, “Димитар Влахов”, “Кеј Маршал Тито” и населба “Охридати”.

Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот, доколку имаат ваков отпад да го извадат најдоцна до 10 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да може Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигне.

OhridNews