Граѓаните кои живеат во  населбите  ,,Христо Узунов”, ,,Карабегомала’’ и ,,Горна Влашка Мала’’, денес може да се ослободат од својот кабаст отпад и да го предадат на комуналните служби. Во акција за подигање на кабаст отпад може да се одложат стари душеци, теписони, остатоци од мебел и покуќнина, бела техника и слично.

Од Ј.П. ,,Охридски Комуналец” ги информираат  граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот, доколку имаат ваков отпад да го извадат најдоцна до 10 часот и го пријават во Р.Е. ,,Механизација”, 046/265-353, при што треба да ја наведат локацијата, за да можат службите  благовремено да го подигнат отпадот.

Според планираното,  во наредниот период вакви акции ќе се спроведат и во населбите ,,Воска’’, ,,Даљан’’ , ,,Видобишта’’ и ,,Црногорци’’.

OhridNews