Општина Струга во иднина планира да постави осветлување на коритото на реката Црн Дрим. За таа цел преку Електронскиот систем за јавни набавки е објавен Јавен оглас преку кој се бара изведувач на оваа инфраструктурна активност.

Вредноста на оваа јавна набавка е околу 34.000 евра или точно 2.118.644,07 денари, а критериум за избор ќе биде најниската понудена цена. Крајниот рок за доставување на понудите истекува на 4-ти април 2016 година, кога ќе биде извршено и јавното отварање на истите.

Инаку во текот на минатата година општина Струга изврши реконструкција на кејот од источната страна на реката Црн Дрим. Кејот беше поплочен со нови плочки и на него беше поставена соодветна урбана опрема.

OhridMNews