Периодот на важноста на понудата е 90 дена, а понудите треба да се достават најдоцна до 21.02.2011 година во 9 часот. Јавното отворање на понудите ќе се одржи на денот и часот определени како краен рок за доставување на истите.
Како што информираат од Локалната самоуправа, освен градежните зафати за санација и средување на салата ќе следат и зафати за внатрешно уредување на оваа просторија која освен за одржување на седниците на општина Охрид, се користи и за бројни свечености , а во неа се склопуваат и граѓанските бракови.