
-Постапките се при крај само треба да се среди постапката за впишување на овој дом во имотниот лист. Очекуваме домот да прерасне во убаво уредено катче кое ќе го користат не само жителите на населеното место „Кошишта“ туку и сите оние коишто гравитираат на овој простор од Охрид,значи и жителите од Воска и Лескајца. Секако и локалната самоуправа ќе го користи овој дом за средби со Охриѓани и за работни состаноци. – изјави градоначалникот Стојаноски на чествувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, што се одржа денеска во културниот дом во Кошишта.
По повод Денот на сесловенските просветители во домот во Кошишта денеска се одржа панухида, по што концерт имаше фолклорниот ансамбл „Гердан“.
OhridNews











