Во Тирана во рамките на ГЕФ Дримскиот проект, се одржува работен состанок на координативниот тим на Проектот со националните експерти од Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора кои ќе ги изработуваат тематските извештаи во рамките на прекуграничната дијагностичка анализа на дримскиот басен

На состанокот ќе се утврдат начините на собирање на податоците и изготвување на анализите и тоа за загадувањето, хидрологијата и хидрогеологијата, биодиверзитетот, социоекономијата, инстутиционалната и легална поставеност и врската помеѓу водата, енергијата, земјоделието и екологијата. Извештаите ќе треба да дадат заклучоци за статусот и мерките во сите наведени сектори.

Овие извештаи се воедно поддршка на прекуграничната анализа и со тоа на стратешкиот акционен план за целиот дримски басен кој ќе ги утврди приоритетите за идна акција за заштита и унапредување на управувањето со басенот и со трите езера кои се во негови рамки Охридско, Преспанско и Скадарско.

OhridNews