Денеска напладне во Спомен куќата на Григор Прличев ќе бидат прогласени добитниците на Свети Климентовата награда и повелба.
Како што објавивме претходно, од вкупно седум пристигнати апликации во конкуренција за Повелбата, се пет кандидати: Д-р Никола Филев, Проф. Стефан Каневче, фотографот и културен работник Зоран Велјаноски – Летра, Слободан Крлески и Здружението на пензионери од општина Охрид.
За наградата Св. Климент Охридски до локалната самоуправа пристигнале девет апликации. Одлуката кој ќе го добие највисокото општинско признание ја носи градоначалникот Никола Бакрачески и комисијата која е формирана на негова иницијатива.
OhridNews