ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид, во четврток, 31 мај, ќе спроведе ларвицидна дезинсекција против комарци на подрачјето на општина Охрид, а ден потоа, во петок, во општина Дебрца.
Во Охрид со дезинсекцијата ќе биде опфатено Студеничко блато, месноста Далјан и потегот од Андон Дуков до Подмолје. Третирањето ќе биде од земја во период од 05 до 07 часот.
Со дезинсекцијата во општина Дебрца, што ќе се спроведе на 1 јуни, ќе биде опфатено Белчишко блато и крајбрежјето на Голема река со опфат на Грко поле, Средоречје и Ново село.
Третирањето ќе биде од земја во период од 05 до 08 часот.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги од Охрид и Дебрца да ги преземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден, информира ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид.
OhridNews












