Во рамки на фестивалот „Охридско лето, во текот на наредните три дена ќе се одржи манифестацијата „Денови на архитектурата“ на која ќе бидат изложени најдобрите проекти од современото македонско архитектонско творештво. Исто така ќе биде отворена и Биеналната изложба на архитектите од Македонија „БИМАС 2012“.
– Просторот што ни е даден за претставување на нашето творештво, за вмешување во културните димензии на охридското живеење, ќе го искористиме и за промовирање на идејата за преименување награда што ќе го носи името на великанот на македонската архитектура, охриѓанецот Борис Чипан, изјави претседателката на Асоцијацијата на архитектите на Македонија Даница Павловска.
Во рамки на Деновите на архитектурата, во „Куќата на Уранија“ ќе се одржи и манифестацијата „Разговори на архитектурата“ на која еминентни професори, архитекти ќе дискутираат на актуелни теми од областа на архитектурата.
OhridNews