
Со издавање на лиценци за работа од страна на Здружението на туристички водичи на Македонија целта е да се воведе ред во оваа дејност и да се елиминираат дивите водичи кои предизвикуваат голема штета со нестручното и често пати погрешно интерпретирање на македонската историја и култура. Дел од легалните туристички водичи веќе подолго време заговараат формирање туристичка полиција која би имала овластувања на лице место да ги санкционира дивите туристички водичи, кои неретко се и странски државјани.











