При крај се подготовките на дел од сообраќајниците низ градот низ кои се воведува нов режим на сообраќај.

На „Кеј Маршал Тито“ заврши поставувањето на хоризонталната и вертикална сигнализација. Со бетонски топки издвоен е делот кој ќе биде пешачка зона, а од останатиот дел од коловозот една лента ќе служи како паркинг простор, а другата за движење на возила. 


Како што беше најавено,  „Кеј Маршал Тито“ од кружниот тек до пресекот со улицата „Ванчо Николески“, годинава, ќе биде отворена за сообраќај, а затворен ќе биде делот до пресекот со улицата „Јане Сандански“, кој ќе се користи како пешачка површина и каде ќе бидат преместени детските реквизити кои изминативе години беа поставувани на просторот пред хотел Палас.


Сообраќајот ќе функционира и во продолжението, поточно од пресекот со улица „Јане Сандански“ до пресекот со улица „АСНОМ“.

OhridNews