Борусија Дортмунд во полуфиналето од Лигата на Шампиони ќе се сретне со деветкраниот освојувач Реал Мадрид. Двете екипи се сретнаа во групната фаза, од средбите поуспешна беше Борусија која забележа победа дома 2-2, а ремизираше на Сантијаго Бернабеу 2-2.


– Ќе биде многу тешко со Реал Мадрид, но ќе им биде тешко и нив со нас. Со нетрпение го очекуваме дуелот со нив. Сеуште не држи еуфоријата од пласманот во полуфиналето по неверојатната победа над Малага. Убедени сме дека можеме да стигнеме до крајната цел, а тоа е трофејот во Лигата на Шампиони – истакна капитенот на “милионерите“ Себастијан Кел.

На неверојатен начин со два погодоци во судиското продолжение Борусија Дортмунд ја совлада Малага 3-2 и обезбеди пласман во четири најдобри на стариот континент.

Мх.П.