Програмата на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува со содржина од музчкиот дел со целовечерниот концерт на кинескиот симфониски оркестар „Нингбо“. Kонцертот ќе се одржи на сцената на „Долни Сарај“ со почеток во 20 часот. На програмата се дела на Моцарт, на кинеските композитори Жу Житонг и Жанг Шуаи, како и традиционални кинески песни.

Со атрактивните пакети за вработување, овој оркестар успеал да привлече 100 кинески музичари школувани низ светот и со тоа да се постави на кинеската музичка сцена. Во 2017 година е откриена првата комплетна сезона на оркестарот со диригенти како: Ју Фенг, Лонг Ју, Ли Шинсао, Лу Џиа, Жанг Гуојонг, Шу Жонг, Јанг Јанг и Лин Даје, но и Улрих Виндфур и Петр Попелка. Солистичките имиња ги вклучуваат виолинистот Нинг Фенг, виолончелистот Кин Ливеи, како и повеќе кинески пијанисти кои одлично котираат на домашната и на меѓународна концертна сцена.
Со концертот ќе раководи младиот и талентиран диригент Ју Џи, асистент-диригент на Кинескиот филхармониски оркестар и е дел од „Кругот на уметници“ кои се дел од Националната програма за исклучителни млади диригенти.
Билетите за вечерашниот концерт се по цена од 500 денари.
OhridNews













