По пребројани повеќе од половина избирачки места, консензуалниот кандидат за претседател, Стево Пендаровски, е во водство пред Гордана Сиљановска-Давковка, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, и кандидатот на Беса и Алијансата за Албанците, Блерим Река. Пендаровски води со 2,5 отсто пред Силјановска, соопшти Александар Кирацовски, шеф на изборниот штаб на СДСМ.

„Предноста на Стево Пендаровски ќе значи сигурна победа и во вториот изборен круг. Во вториот круг очекуваме граѓаните уште посилно да ги поддржат напредокот и процесот што водат напред. Нема да набројам каде води Стево Пендаровски, ова се избори за претседател на државата, не се локални избори, и ВМРО-ДПМНЕ бадијала се храбри, јасно е дека губи во првиот круг и дека ќе изгуби и во вториот“, рече Кирацовски.