Кошаркарската школа Глобал, традиционално во Охрид одржа камп за млади кошаркари и кошаркарки. На кампот кампот на кои учесниците беа поделени во две категории: пионери и младинци  покрај секојдневните тренинзите имаше и богата програма на кошаркарски збиднувања.


Меѓу другите, гости на КК Глобал беше екипата на КК Крива Паланка од истоимениот град со која беа одиграа неколку пријателски натпревари. Кошаркарите се натпреваруваа во шутирање тројки, баскет во тројки, популарно наречен три на три, како и натпревар меѓу најдобрите шутери за три поени.

Најуспешните се закитија со награди кои многу долго ќе им останат во сеќавање и ќе им бидат силен мотив да се видиме и следниот летен камп 2011– велат од КК Глобал

М.П.