Фудбалерите на Ливерпул ја освоија титулата во Супер купот на Европа победувајќи го Челси на пенали со 5-4. Регуларниот дел и продолженијата завршија без победник 1-1 односно 2-2. Победникот се одлучи во петтата серија кога Адријан го скроти ударот на Абрахам, а претходно погоди Салах.

Натпреварот помина во знакот на големата борба. Челси беше одличен и конкурентен. Кај нас имаше добри и слаби страни, но тоа е нормално кога се работи за почеток на сезоната. Трофејот е освоен што е многу важно и очекувам да биде уште подобро. – изјави менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп.

Менаџерот на Челси, Френк Лампард смета дека среќата им го свртела грбот на неговите избраници не само во пенал рулетот туку и во текот на натпреварот.

Можам само да кажам дека сум горд на мојот тим и перформансите. Беше ова тежок натпревар против Ливерпул кој имаше два дена повеќе да се одмори од задачите во првото коло од Премиер лигата. Некогаш за освојување на титули потребна е среќа а ние ја немавме. Тимот е супер и јас се трудам полека да го наметнам мојот стил. Ништо не се прави преку ноќ или за еден натпревар. Ќе одиме чекор по чекор и ќе работиме напорно за остварување на зацртаните цели и идеи. – истакна Лампард.

 

OhridNews

 

Видео: Адријан херој на „црвените“, Ливерпул ја потврди доминацијата во Европа!