– Со моите асистенти се погледнавме после завршување на мечот и си рековме “ова е лудо“. Ова е најдоброто чувство што некогаш го имам доживеано во фудбалот. Сеуште неможам да опишам што се случува во мене, ќе морам да посетам доктор да видам дали со мене се е во ред – рече Клоп.
Фудбалерите на Дортмунд фрлија на една карта оваа сезона, а поради настапите во Лигата на Шампиони ја загубија титулата во Бундес лигата.