СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Р.(57) од Охрид, книговодител во фирмата „Виор Ростфреи“ АД во стечај за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во текот на 2008 година, пријавената на фирмата „Бон Комерц“ од Скопје при купопродажба на стока им одобрила дополнителен рабат од 5% доколку фирмата ја плати договорената сума во рок од 10 дена, иако фирмата не ја платила стоката во предвидениот рок. На овој начин пријавената на „Бон Комерц“ и овозможила да се стекане со против правна имотна корист  во износ од 152.295 денари на штета на „Виор Ростфреи“ АД во стечеј, соопшти МВР.

Ohridnews
извор: МВР