Клупскиот фотограф од Кошаркарскиот клуб Торонто Рептерос, Марк Блич ја освои престижната награда за најдобра спортска фотографија на Светскиот фотографски конгрес. Блич на првото место од пиедесталот се искачи со фотографијата од победничкиот кош на Каваи Ленард кој погоди со звукот на сирената во одлучувачкиот седми натпревар во полуфиналето на источната конференција против Филаделфија. Подоцна, Торонто во финалето славеше во серијата со Голден Стејт и ја освои првата титула во НБА историјата.

Огромна чест за мене и историска слика за клубот и градот. Сликата донесе голем успех за клубот, а мене ме направи многу популарен фотограф. – изјави Блич.

 

Најдобрата спортска фотографија за 2019 година!

 

На втората позиција на листата се најде фотографијата „радост на татко и син“ после погодокот на Габриел Барбоса за Фламенго во финалето од Копа Либертадорес против Ривер Плата. Фотограф е Силвија Изкиердо од Аргентина.

„Радост на татко и син“, втора најдобра спортска фотографија за 2019 година!

 

На третата позиција се најде фотографијата од шампионската парада на Ливерпул после триумфот во Лигата на Шампиони. „Црвените“ го кренаа градот на нозе, а една од многуте фотографии ја воодушеви светската јавност. Фотограф е Оли Скарф.

Шампионската парада на „црвените“ во Ливерпул после триумфот во ЛШ!

 

OhridNews