Mинистерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас денеска ќе ги потпише, а утре писмено ќе ги извести ЕУ и НАТО дека Грција ја крева блокадата за Македонија.

„Во мојата дипломатска канцеларија од завчера ги подготвивме писмата. Одбрав сам да ги потпишам в недела во Брисел за во понеделник да се достават во ЕУ и НАТО. Во писмата се вели дека сум информиран од другата страна за ратификацијата на договорот во Собранието и дека според поставените обврски и предуслови, можеме да продолжиме напред“, изјави Коѕијас.Со ова грчката страна ја исполнува првата обврска од договорот за името.

OhridNews

Макфакс