Легендарниот кошаркар Коби Брајант и неговата ќерка Џана, кои, загинаа во хеликоптерска несреќа на 26 јануари погребани се на приватна церомонија во Калифорнија.

Како што пренесува „Њујорк пост“, сопругата на Коби и мајката на Џиџи Брајант Ванеса не сакала големи церомонии околу погребот, туку присуство на лица од потесниот круг од фамилијата.

Желба на Ванеса била да нема многу церомонии како би се избегнале големи шокови. Церомонијата и без тоа била многу тешка затоа шо никој од фамилијата се уште не бил свесен за губењето на Коби и Џиџи Брајант. – пренесува весникот.

Во хеликоптерската несреќа која го потресе светот покрај Коби и Џана загинаа уште седум други лица. Деталната истрага која е во тек треба да ги утврди причините за фаталниот пад на хеликоптерот.

OhridNews