Врвна гастрономија, беспрекорна организација и професионална услуга – тоа се вредностите што со децении го прават Хотел-ресторан Милениум Палас еден од најпрепознатливите угостителски брендови на Охридската ривиера.
Уште една потврда за тоа беше свечениот прием што по повод отворањето на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“ го организираше претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, во претседателската вила „Билјана“.
За комплетната кетеринг организација беше задолжен тимот на Хотел ресторан Милениум Палас, кој со внимателно подготвени специјалитети и врвна услуга придонесе високите гости и уметници да уживаат во незаборавна гастрономска атмосфера, дополнета со автентичните вина на Винарија „Охрид“.
Од протоколарни приеми и корпоративни настани до свадби, прослави и спортски манифестации, Хотел ресторан Милениум Палас останува избор кога се бара квалитет без компромис и организација на највисоко ниво.
OhridNews PR



















