Нема стоп за охридскиот тим. Охрид попладнево на Билјани Извори со 3-1 го совлада тимот на Скопје.

Творци на шестата победа , трета на домашен терен беа најдобриот стрелец во лигата Клечкароски и капитенот Маркоски.

Клечкароски биеше прецизно во 8 и 78 минута, додека Маркоски стави точка на мечот во судиското надополнување.

Стрелец на почесениот гол за гостите беше Неделковски во 65 минута

По девет одиграни кола со 19 освоени бодови охриѓани се втори на табелата.

М.Постоловски