Италијанскиот фудбалски судија Пјерлуиџи Колина, високо со 8.2 ја оцени арбитражата на Цинејт Чакир на натпреварот Манчестер Јунајтед-Реал Мадрид.


Италијанецот кој во живо го следел реванш осмина финалниот дуел оценил дека Чакир добро реагирал кога го исклучил Нани, но во целата негова арбитража имал една замерка.

Колина смета дека турскиот судија требало да го исклучи Рио Фердинанд, кој по натпреварот саркастично ракоплескал кон судиите.

Популарниот “ќелавко“ до неодамна беше “омилен“ судија на “црвените ѓаволи“. Тој беше главниот судија на легандарното финале во 1999 година кога во судиското надополнување Манчестер Јунајтед со 2-1 го совлада Баерн Минхен.

ohridnews