Ах колку ми е жал за Мицалета. З`ш бре Микица си толку намргоѓен? И јас бев едно време така, засекиран, ама од го предате Арбр на функцијана во министеркана си свиркам. Свиркај си и ти бре. Ко ќе те видам санќим гледам јапански глумец кој честитвит роденден на бебето или пак македонче кое немојт да се испосерит. Затегнат натегнат во лицето, вежџи усукани, нос затегнат како струна….Зш бре пиле? Зш бре дете голомеше не свати дека се спаси. Ич да немаш секирации.

Ради тебе, шо неоправдано се секираш, леб неам каснато. Така го матинам месото. На голо. Абре сега тебе како опозиција ти е поубо, верви ме. Само продолжи онака ко до сега. На секоја одлука на Зајко и владата вели НЕ, по грчки ДА. Конктактирај со Зоне, примај инструкции, лажи го членството и ич мува да не те лазит. Ако нешто се покакаш, мада незнам до кога ќе се какаш, не признавај. Речи Кокица дека така ти даваше инструкции.

Само две работи да ти кажам: прво не викај дека оставка не даваш дур си жив. Ти не си од МПЦ да да бидиш малечката невеста, вечен. Ти не си Господин, Господин Мицале. Не така? И уште поважно, за тебе, за народов, за НСРСМ….немој паше жити мене да припремаш протест за имево на НСРСМ. З`ш те разбирам дека то е многу тешко, скапо и вервиме дека ти дур спремиш протест, Зајко сам ќе го враатит името.

Не ти паше….не ти. Зајко имат главоболки. Жими тебе пиле. Ете ја состави владата ги кажа министрите, а тие објективно неможат да се искинет од работа, да се дает себе си, скроз на скроз од објективни причини. Министрите од ДУИ неможат да до специјализирет во струките на нивниот ресор.

А како да се обучат кога не работат ни градинки ни основни училишта. Како? Не бре сонце не е битна средната школа. Немат министер кој е толку возрасен. Сите шо се клаени требит да до завршет обука во градинка па основно. Како ќе научит Арбр да зборвит течно македонски.А? Не мислев на така течно бре. Тој зборвит течно, ама друго е то. Мислев на македонски јазик. Додуша и вака се способни, ама сепак морет да имет претшколска обука за да со чист образ до крај ја НАТО – изирет и европеизирет оваа држава која е залетана вуспич прав прав пругоре да стигнит на врвот. Е сега кој врв….

Но надеж ми даде дека министерчињата, дур престанет да цицет, школиве ќе се средет. Пред се директорката на Григор Прличев ми даде надеж. Рече дека и наставниците ќе се вклучет во оддржување на хигиената во школото. Е па јебига, според неа, ваљда за то учеле. А чим така мислит нека ги цедат наставниците бре. Ебати наставата. Имат хигиеничари да се. Ам како.

А можат и он лајн настава да држат. Ете државава ќе обезбедит компјутер, еден, и за Свирипичино, Дабиле, Сошани за сегде. Според мене онлајн наставата е изислена за ликовно, физичко…мада за во рурални средини не ќе да е баш така. Пример ак имет вежба на вратило мојт ученикот да се фатит за гредата та цела плевна да се рушит и ојде лаптопот јабана. Е сега ќе е заебано на математика ако наставничката го пуштит дежурниот да земит сунѓер, а овај немат и ќе требит кај комшивчето да ојт да позајмит. А овај како ќе му дајт ако имат физичко, а висит на корнизот во кујната. А?

Мада ако добро се обмислит мојт и до да бидит. З`ш види. Ако се обезбедит е- клозети за децава, е-постари родители, е-пари за посиромашните, е-…..е тогаш баш Е- посравме работата….Е-бига.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите