Пооооооо ивент. По по по претстава по по по по манифестација. Абре каква претстава….туку туку ГАЛА претстава. Она јас го неам видено нити ќе го видам. Аууууу. Гледав, се тресев и плачев. Од радост ами како. Избор за најдобар спортист на Шкендија……ц ц ц ц од возбуда траснав зелена. Избор за најдобар спортист на НСР(С)М. Не вервев дека постојт ТВ куќа, режисери и други вакви способни патлаци да го напреат она шо не е напраено досега во светот.

Бооооооо абре комплет све. А водителон…..да не зборвам многу само ќе речам: да не бев женет… Абре она вицкаст чоек она шегобиец она шакаџија нигде немат…алал да му е. Ко шо доликвит за таква емисија. Можат да му завидат сите шоу водители, та Хелен, та Опра, та Бранко коцкица, та Дарко Мијалкоски, та Ивце пивце….абе сите. И сега ај кажи како да гледам пример…викам пример “Сам дома“ или “Новогодишен Виенски концерт“?А?

Абре ги згазивме виенчани, им се прднавме и ги пониживме ги засенивме…..море мрсуљ им фрлиме на нивната способност за тв шоу или било каква друга емисија. Со осмисленото, со режијата а реков најмногу со водителот. Па па па способен и посебен чоек. Цел беше саде вицој, досетки, допрдки….шо не. Да не зборвеше македонски јас ќе мислев дека од америкине негде е.

На секоја, ама вервиме на секоја доделена награда плачев ко мало дете и се треет ко прат од возбуда. З`ш не е мала работа да се одржит онаква манифестација во државиште како нашево. Милијарда успешни спортости имаме во милијарда спортој. Како ам. Вибрирав и ко ја доделија наградата за прскање со црево, пљукање во далечина и на тегнење за коси, па грлење лук, прашење компир, копрцање в кал, кинење на купачи со вилици…. Да не бројам ….едноставно сите светско признаени и втикачени олимписки македонски спортој.

И сега во вакво расположение како да не им го поддржиш предлог законот за нивната судбина после мандатот? Како? Мада со ваков предлог, ак сме саглам народ, требит тие малку да ни го подржат нас. Ама пошто сме несаглам ние пак ќе им го подржиме ко сиве години.

И требит да ги чекат државна работа после мандатот. И требит да им го подржиме. З`ш види вака….во сашност тие не се обични луѓе како нас. Посрани смртници. Посебни се. Посебно ја разнебитија државава, посебно го искараа народов, посебно лажат, посебно врати отворет, посебно војни прает и нормално посебно крадат од нас. И как да не им го подржиш. Бар тро.

Само требит да внимавет на новиот закон дан згрешет нешто та пак да испаднет ко нас најобични луѓе. Дур им трајт мандатот да им инсталирет специјални клозетски школи. Не ко нашине обични, нека се морски да речиме…пример. Пошо не јајме иста храна логички и е да не какаме исти гомна. Не така? Мада и за време мандатот тие не оти нешто друго прает, нон стоп се просеравет, та на говорница та на пресој….абе сегде.

Еве сега мојт во истиот закон да се инкорпорират и предлогот на препаметниот и преподобниот Владика Петар. Чоекот порача кој не сакат да се женит да ојт во манастир. Ам како. Ар чоекот се плашит од експанзија на хомосексуализмот, да не речам сега не чинит, попедерчување на македонскиот народ.

Е сега ова требит да се напрајт паметно кај пратениците, со неколку под членој во членот за одење во манастир. Најбитно шо е? Да се видит дали некој пратеник е таков од раѓање, биолошки или пак то му е како карактерна црта. Абре на све морат да се мислит. Не така?

Ауууу баба ме викат. Морам да одам. И ветив вчера дека ќе ја рушам шупана од позади куќа. Се плашит дан дојт Мицко з`ш чеокот почнал, наводно, митинзи да држит и по шупи. Јас искрено незнам. Баба така викат.

ЏИМИ

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите