Абре шо ти е животов. Мачката на одмор глувците журка прает. Ете ојдов тро на летен одмор и хаос во држвава. Не си тука да ги влечиш конците и све хаос се прајт. Не бе тие конци за марионети. Политичарите влечет такви конци за нас, за никогаш северни само Македонци. З`ш ние све даваме името не. Гас даваме името НЕ. Море за некој месец дали на вонредни или потака на редовни ќе дајме г`с.

Да се вратам на темава. Не бев тука и еве види ги сите се зедоа. Бујарчо незнајт кај е го фати амнезија. Чоекот го испуштив од раце. Незнаело детето чии пари трошит. Незнаел кој му донирал пари за да тресит зелени ката ден. Збунат шашардисан. Слушнал од медиуми дека фирмата која добила тендер по најниски цени му ја донират ДУИ.

Јас му вервам. Да знаеше дека та фирма е за негојте ќе им даеше тендер со највисока цена. Чоекот од шо се испаничи почна да се снимат како учител на камера. Да не учит. Пишејќи на табла. Ни одржа лекција чоекот. То беше само првата лекција “Бурек не миш“. Уште лекции тој и Амети ќе ни држат. Само ме чудит од кај ја научи лекцијата з`ш учебници немат ни за лек. Како шо ќе немат млеко за некој ден.

Уште еден чоек ко бебе ми избега од раце. Мицко. А ме чудит з`ш тој се збудале. Ко заминав арен си беше пустиот. Додуша држит некоја рамнотежа помеѓу селска Македонија и европска Македонија. Како кантар е. Мицко кантарот. Така го викале сега.

Чоекот имат за све решение. Охрид – Кичево не е напраен, решение барат предвремени избори. Дожд заврна 100 милиметри на метар квадратен – предвремени избори. Влошките се поскапи од тампоните – предвремени. Абре страв ми е да одам да мочам дан се измочам на криво, ќе ме сумит Мицето и данк – предвремени. А не сум спремен за избори. Нити нови кондури имам нити вазелин можам да најдам.

Ете на пример за разлика од овие двајца Таче остана присебен. Шуќур. Господ здравје да му дајт. Уше тој ако забегаше ојде јабана НСРСМ. Како резултат на неговот трудење, веќе се прает списоци на странски државјани кои сакет да работет кај нас, а уште не сме во ЕУ. Абре сакет луѓето да се сигурни да си обезбедет економска иднина.

Од профилите за работа пријавени, најмногу се среќавет дупачи. Разбрале дека овде кој кого стигна дупит. А како е трендов градационен можно е вакви квалификувани дупачи да ни фалет. За нив се предвидвит прво 3 месечна обука во парламент па лека полека да се распределат кај ќе се стигнит. Сегде ќе се распределват дур ги имат на залиха.

Друго шо уште сега плански се барат од нашата Влада се буреко-јадачи. Исто дефицитарна струка. Е курс по ова ќе им држат Маричиќ, асистент Бујар, а главен курсаџија ќе е Таче. Предвидено е првите 10 часа овие да јадет бурек, кандидатитет само да гледет и да слушет како се мљацкат па после ќе имат и практична настава под водство на Марича.

Исто така веќе почнале родителите од странство да ги запишвет и својте дечиња да учат кај нас школо. Посебно имат наезда за оваа работа Таче од ко кажа во саботата дека секоја година имаме фрапатно унапредување и на образовниот процес и на образовните објекти. Ова го потврди и Јетончо како министер. И ако коза лаже Јетон ска.

И ќе имат шо да научет. За прв пат ќе чует дека Тигар и Еуфрат се во Африка. Не прочитав до крај можда ќе најдев дека Вардар од Вруток вртит на кај Месопотамија. Или пак од кај знает странцине дека Ајфелова кула битисвит во Цирих и многу други работи.

Ааа да. Сите школи се реновирани. Посебно вецеата. Немат сега децата да мочкет во затнати кенефи. Нееее…..ќе си задолжит секое дете по една пиралка да дупит во затнатото и да го отнит. Како ам. Ова година дури и ќе им пуштат вода на некој од чешмите да ги измијат рачињата. Ама не во секое школо и не сите чешми. Со одлука на владата ако чешмите се парен број се делит на два и толку ќе пушчет вода. Ако се непарен една се ваѓат и се применвит пред малку споменатата владина одлука. Како ам.

И сега на крај на денот да те прашам: мислеш тук така сиве градоначалници во Охрид давет по мене по тебе ѓутуре дозволи за градба на згради г`с преку гла? А? То е бате за да ги сместиме странските гастарбајтери во оаза на мирот или по ново во „një oaz korrupsioni dhe ryshfeti“ шо викат Амети.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите