Жити леб дај денес побргу за завршиме требит да ојме на гости. Да бе кај Гоца. Ар не тресам зелени. Во саботата пиша на ФБ: “Дома сум не одам нигде кој сакат нека дојт на кафе“. И? Ојме како ам. Не бре какво бегање. Кај ќе ојт кај ќе се матинат. Плус то се потрошија сите финти за бегање. И финта гепек и финта “кај брачед ми“ …..Види море. На крај краева та не е Гоце Делчев да менвит држави та сега ела најди му го крајот али е наш, али е нивни, Али е Ахмети. На крај краево нему му се можеше то, чоекот имаше мустаќ суџук. Та пушти та избричи ги дупеше тогашните граничари и јаничари. А Гоца….Гоца немат мустаќи те тек така да се маскират.

Батали то, после уз кафе со нејзе ќе брбаме. Туку дај да напишиме писмо, нота или фуснота как се викат да го пофалиме Јавниот обвинител во случајот “Теретана“. Абре алал даму е. Работен чоек. Сработи чоекот и донесе резолуција дека немат потреба да се гонит Мицко дека бил во вежбална за време на мерки за Ковид 19. А за да ја донесит та резолуција морат голем труд фрлит: ете му зел ДНК, примерок од столицата, отпечаток од чмарот, кал од ноктите, 12 точки од дебелото црево за биопсија…..

Склопвејќи ги овие сите резултати дошол до заклучок дека Мицале не е билдер. Мада мојше да си скратит и маките и трошоците. Немораше да прајт ваква екпсертиза. Едноставно да го слечит гол, ај погашти нека е, и да видит, јали е трапез, набиен целиот или е тело-вретено. Негова работа.

Моја работа е да се израдвам за замениците на министри шо ќе ги гласет денес. Прво и второ многу ме бендиса шо Башким Хасани е предложен за заменик министер во Министерството за Одбрана. Браос. Кој појќе би бил погоден од професор по физичко за во ова министерство. И ако досега се плашев ако некој не нападнит, а знам не не спасвит ни НАТО ни МАТО, Башким ко че ја писнит во бегање како фискултурник….муња. Гром. Јас по него и сите по мене и ќе ни се фатата за опашката. Ќе ни мирисет ауспухот.

Седат Сулејмани – култура. По по по фаљимендерит. Завршено општествени науки, мада прдни му се на школата. Покрај другите приватни бизниси, пази сега, напи се вида со шеќер дан здрисниш од радост…..алооооо менаџер на проектот….лелеееее….“Традиционални уметнички ракотворби“. Топ. Еден во еден ( 1-1).

Ко ќе му писнит Седатче, во духот на традицијата, да везит, плетит и ткајт, веленциња, јамболии, миленциња за телевизори и телефони….мада Господ златен само да му дајт ум да напрајт шо појќе церџиња за ноѕе за пред врата, во, нормално, црвено – жолта боја, а в дијагонално да напишит со капс лок, болд и италик – МАКЕДОНИЈА. Пред се гости ко ќе ни идат да можат да ги бришат кондурите од кал, гомца и други гнасотии на церчето. Шо ни ги носат во Македонија. Мада последниве 30 години, поготово последните 15-тина не ќе да му се воздржвиме и ние сите гнасотии да ги бришиме со то церџе.

Уште ова и бегаме кај Гоцето. Гарант клаено е кафето. Абре колку ме бендиса потегот шо Бујар стана за надворешни работи. Посебно кога сега кулминират конфликтот со Бугарија. Бре тој ако не го решит проблемот никој. Си го засакав. Ептем. Појќе отколку Лиде шо го сакат Филипчета.

Ќе не спасит во спорот со Бугарија околу Гоцета. Гарант. И ако не дај Боже, скраја да е, не вервам, нејќам да чујам, нешто ја посерит работата ние сами ќе сме криви. Кој ѓаол, ко шо рекоа Бугарите во Меморандумот до ЕУ, ние се дрзнавме 100 000 алооо еве и со бројки 100 000 бугари да ги напикаме во концетрациони логори. Абре се сеќавам тогаш, сите хотели во државава, а имавме многу од 1944 – 1946 и то ексклузивни, да ги прајме концетрациони логори. Или пак ак не натераа со сила сами да ги напикаме. Море ќути, фалам им шо не не натераа да ја поробиме Бугарија. Кој ќе ги ранеше. Ам како!

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите