Ај ај не туку траскај зелени. Кај чоекот напрајл арно за држававае дрндате по социјални мрежи. Силни мажи. Туку арно да не видат тие шо го осудија. Го прекинаа на сред добротворна работа. Го застанаа на 25 станој. Го застанаа на само 30 милиони евра заштеда која ја собираше за добротворни цели. Абре аир да не видат. Чоекот шо напрај, напрај за доброто на макединците. Абре тој е страшен визионер. Во 2012 година, ко почна со добротворните цели, тој знаеше дека ќе дојме до ова дереџе. Е како де кое. Кај ќе се смествиме ние ко ќе станиме бегалци во сопствената држава?

А? Каде? Каде? Пред 10 години тој предвиде дека ќе го туркаме газот кун ѕидот под притисок на грци, бугари и кој не друг. И ко ќе се распадниме ко држава ко карпус фрлен од трет спрат кај ќе живејме? Е шуќур ти текна. Е зато тој праеше шо праеше заедно со брачеда му Зоне побегуља од Унгарија. 700 такси возила за нас да не пренесвет во кампот кој требаше да го добиет името “НАЧАЛНИЧЕ“. Ваљда и Мицко ради то сакат да дојт на власт да ја продолжит добротворната работа на бате Саше.

И не ме нервирај и деконцентрирај со вакви глупости. Ме оттргна од размислување шо да прам со францускиот протокол. Навистина незнам шо да прам, но знам дека конечно ЕУ покажа големо демократски разбирање кон НСРСМ. И ако до сега без да не прашат 30 години не држеа пред ходникот од клозетот на ЕУ и со сите извештаи ни го закачвеше, сега не остај нас, демократски и слободумно сами да си го закачиме и со ќејф да си го примиме протоколот. Јас не памтам дека ЕУ на некој држава и дозволила ќејфлиска само-пенетрација. Абе шо пенетрација….ни дозволи и ауто фелацио од ко им здосади ние овие долги години да ги фелационираме. Само една работа заборај. Ние не сме слободоумни. Ние сме слабоумни. Без да молиме некого.

Искрено јас никого не молам. Најмалку Бујарче кој ни вети дека ќе ни го презентират протоколот онаков каков е и збучен во рамка. Рече Буки и би така. Ете незнам шо сакет овие од опозицијава и се бунат шо им дал само една страна. Доста е и та ак си паметен. Битно е клаена во рамка за слика и накратко све им е објаснато. Ко се глупи шо да им прам. И ќе ги замолам на протестите да не се користи паролата “Од Џими колумната е подолга“.

Немој ти се молам мене ич политички да ме мешате. Јас за иднината на мојата ми златна, правна слободоумна или ак сакаш нека е слабоумна, како шо и е, држава имам јасен, чист и цврст став. А то е дека немам став. А и то е премногу од гледна точка дека 30 години политика учам само од шупаци на власт.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.