Ар з`ш вака прајте мајку му стара. Прекрасен македонскиот јазик имаме и з`ш мораме да употребвиме англицизми, американизми, турцизми, србизми… Ев сега пред некој ден на телевизија гледав еден доктор, млад, не оти нешто го разбрав. Џагала багала пола странски ми зборвеше.

А нон стоп викаме дека јазикот ни е коренот, потеклото, семето македонско Еве јас ќе си се земам за пример. Не морат друг дан бидит вака така. Мене не мојт да ми се случит ни еден странски збор во мојот речник да употребам нити англицизми, ни американизми, ни турцизми, ни стоицизми… не бе не… ни екцидентно.

Ексик за оние шо ни го расипвет јазиков. Арам да им е. Џенем да фатат. З`ш види вака. И имињава наши потеквет од, бар старите, од прав македонски јазик. Можда сурнејмот така-така ама името да. Одраз му дават на персоната со која кореспондираш, со која вербално комуницираш.

Пред некој ден седам на семафор со колана и од лево еден школски другарв ни ХИ ни ХЕЛОУ ни мелоу ништо, го пушти бастешеленгон, стегна на ајнпшрицон и з`ш задна вуча ко му се крена она бегот исфрли смоук и февга.

Тук батали то. Кај да е то за едно иљада години ќе се решит тук имаме ние горлив проблем да решиме. Требит да се купвит ново владино авионче. Не авион. Море нека се земит еден ко од Трамп па кај и да одат нашиве нек се наполнит ко бродојне за Св.Наум. Бога ми.

Ја слушав Сиљаноска и никако немојше да ме убидет дека имаме потреба од такво нешто дур не ги спомна новинарите. Е тогаш ми падна ептем жал. Част и чест на поединци, ама појќето кај шо ќе појме ко ќе се распрскет со некој незгодни прашања ќе го шашардисет и Ајнштајн, а не Путин. Те з`ш си разбушаен, те з`ш имаш црвени чорапчиња, дали конечно Македонија 2044 година ќе стигнит пред вратата, која е пред вратата за преговори да влезит во вратата за ЕУ… шо не.

Па ако имаш страв од летање ќе си го земиш и тетин ти со тебе да ми те држит за раче, за главче, пак стрина не е мрдната нигде, кумојте, децата нивни, децата од децата на кумојте, син ти…

Само едно мене ме јајт. Овие од СДСМ се начисто или не. Пред 7 години од нив имало иницијатива за купвење на нов авион. Само тогаш се зборвеше за сегашниот лир џет “60“ и то не беа пресудни седиштата туку застарената технологија. Ќе имало поправки само со половни делови.

Сите памтиме дека еднаш ко требеше Зоран Заев да патуват се расипа генераторот во 2019 година и му рекоја не се секирај ќе клајме половен ама исправен од сите еден шо ни е во хангаров.

Само мене друго ми е дан настанит. Дан почнит со: шо ми го зимавте авионот, ќе има крв, ќе има и тепачки… па после се извинуем јас тој авион многу сум го сакал, како јазовец сум го галел. Мада види… како е тргната работава со државичкава наша мојме навреме да стигниме сегде и со машинине за дрва сечење, а не пак со лирџетој. Не така?

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите