Алоооооо мирен бе. Кај си бре ти матичар? ВО НСРСМ или Занзибар. Ги читаше мерките за организицаја на свадби? Е па јас ќе ти кажам з`ш сум менаџер задолжен за организирање на свадби по пропишаните мерки. И како сега ти: младоженецот можит да ја залапат невестата. Иш бре. То е исклучено со мерките. Два метри растојание и точка. Немат бацвење.

Како? Најлесно. Во меркиве пишит вака: невестата ќе врзит конец за нижење пиперки на прстот. Ќе му го подајт другиот крај на младоженецот и тој по конецот ќе ѝ го пуштит прстенот. И та сама ќе си го клајт. Како ам. Дур се меркиве немат тој да ѝ го редит. Сама. И нормално обратно после.

Абе не е лесно да се организират сега свадба. Зато мене ме викнаа. Имам 10 души вработени да пазет на све. Кажи. А не. Никакво влегвење. Еве пиштолов покажвит 37 со 5. Абе то незнам јас не сум доктор. Ак ти се активирани хемороидите и зато имаш температура сликај го чмарот и покажи го ќе процениме ние шо е и како.

Аут. Абре женати нека се веселит ти шо сакаш прај. Чекај ја на паркинг и пуши си дур завршит свадбава и прај си муабет з`ш појќе души вратив. Само пази една работа. Муабет само од в кола и то ти да седиш на возачко, а тој другиот шо ќе брбате во неговата кола на совозачко место да имат појќе од 2 метра. Јасно? Е така пиле.

Море акмаци. Какви убај правила дадоа од влада и пак имаш секави луѓе. Само со нашиов народ ела да те видам……алоооо батееееееее. Кочиииии. Ќе ти ја скинам раката. Никакво поздрављање односно ракување. Ак сакаш со хауг како индијанец оддалеку позадрав иначе јок. Абре ако се работит за невестата. Ич не ми е гајле. Со невестата ти е дозволено само да ја фатиш за г`с. И то да клајш маска, да ползиш како змија до неа и со глата навалена фатија и одма февга назад ко рак. Марка си е мерка не тантарај дан ојш на паркинг да пушиш.

Е душа ми излезе….чек малку. Зете ај поназад на 2 метра од невестата. Абе не сум ќор гледам дека стојш кај шо ти кладов црта, ама исто гледам дека нешто ти се поду во пантолите. Знам дека не мрдна ти, ама мрднал друг и сега си 20-тина сантими поблиску. Ќут. Овде мене ќе ме слушаш иначе ја растурвам свадбава. Абе дома ак сакате пљукајте си в уста, прајте мастики од балгами. Овде јас кажавам. Не бадијала владата ме кладе менаџер.

Опаааа батооооо….братче станви од ова маса и оди кај шо имат четворица. Абре знам јас дека можат 6 ама ти имаш 160 кила и со то врешчето под цицки си на метар и пол до сваќати, а не два. Ај да не го рачун папукот да не претервам, ама мислиш ние не проверивме дека имаш кила на папукот? Ајде бриши.

Алооооо Перооооо шо ти реков за музиката а? Гаси малку гаси. Немат играње обичното, пајдушкото, тресеници, месеници со држење за рака. Се играт на бина за секој шо играт 4 м квадратни со растојанија. Абе шо ве дупам. Епа свирите и пејте пример она албансконо оро кај шо се вртет ко спирали со сабји важно да не се доближвет. Еден до друг. З`ш види имат некој шо пејт многу течно па да го попрскат тој до него. Абре ова не е заебанција. Ова е традицинална македонска коронска свадба. Не бадијала е донесена меркава.

А за пејачот ти кажав. Немат пеење и шетање меѓу маси. Јас салја не донесов бадијала. Ќе го врзиш за полојна и одозгора со кран ќе го леташ над гостите. И истото важит и за одозгора. Пет метри над гостите. А репер ќе ти е онај со косана ко Канго и летај го на та висина. Така.

Шо бараш ти овде бре? Те кладов кај ќенефине. Убо рекоа од владана на НСРСМ посебно внимание да посветиме на однесувањето во нив. Еве види дур си ти овде чек малку…..батеееее, ти ти со крагните ко Елвис, не треси го лево десно. Горе долу. Мојш тие до тебе да ги попрскаш зависно од големината. Ние да ви ги мериме да сме видиле дал е во стандардите? Е убо. Уше нешто?

Море будал сват, будал чоек, будал Македонец, будал народ, будала држава…….

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите