Ееееееееее ко ви викав јас купете си трактори мислевте дека смешки постирам на ФБ. Јас си купив и сега гајле си немам. Бар така им рече Стојанче на жителите под планината Готен кај шо беснејт пожар и се приближвит кон селата. Директорот на ДЗС има рече најдите трактори и исчистете околу куќите. Значи: НАЈДИТЕ трактори.
И сега овие жители ако немет трактори ќе си одет негде да најдат трактори. И то многу лесно ќе најдет. На пример может трактори да се најдет како компири во нива, како шумски јагоди. Исто така может да се набавет во секоја продавница и жителите да си најдат. Во зависност од површината шо требит да се чистит како заштитен појас толку ќе си најдат.
Пример дај ми пола кило трактор за 50 квадрати за приземна сува вегетација. Кило и пол за над 100 квадрати. Исто така тракторите можат да се најдат и на тезгите на пазар. Немат кај ги немат за жителите да најдат. Многу едноставно решение за заштита од пожари на населено место само некој требит да ти кажит. Како директоров на ДЗС.
Додуша јас се чудам како оваа изјава се објави од медиумите во виорот на објавување на вестите дека Африм Гаши оздравел и се вратил на работа. И така требит. Африм е првиот чоек во светот шо успеал да се разболит, а не пак да оздравит, а за враќање на работа да не прајме муабет.
А и како да не бучит со таа вест ко тој, замисли, беше два дена во болница. Алооооо два деееенаааа. Знајш ти колку е то? Појќе е од еден ден колку шо вообичаено се задржвет на пример и оперираните од колк. Неговиот кабинет, а и тој лично се заблагодари до лекарите и сите медицински лица за нивната посветеност и грижа према него.
И требит да им се заблагодарит ко медицинските лица обично кафтет ореј, а во случајот на Гаши применија лечење. Исто така Африм ѝ рече фала на целата јавност која за овој страшен период од цели два дена го поддржуваше и се грижеше за него. Фактички ми се заблагодари и мене з`ш и јас сум јавност. Молим Африме.
Чисто само да потсетиме дека г-динот Африм Гаши беше примен во Клиниката за дигестивна хирургија каде беше востановена интестинална (шо?) опструкција на тенко црево. Беа даени медикаменти чоекот се издува и си замина дома.
Незнам дали со истото медицинско залагање беше и постапено со пензионерите ко кажа Мицко дека од септември линеарно ќе се зголемит пензијата за невозможните високи 1000 денари. Голем дел од пензионерите го примија ова со неверица, за огромната сума, така да оваа вест кај нив се рефлектираше со голем број на инфаркти. Дали се стигна кај сите да се делуват.
Голем број од пензионерите се сместени и во душевни болници з`ш кутрите од праење математики како ќе потрошат овие 1000 денари забегаа од умот. Дал две кила патлиџани да се купет, дал за 5 ченки на плоштад, дал станот да го реновирет или пак да се земит гробно место вака по наколај за полесно да ги посетвет.
Зато ако можит, не викам сосила, ако можит Премиерот да го примит мојот совет и да ја преполојт ова ограмна сума на пример на 500 денари. На пример.
ЏИМИ
П.С.
Тимот на колумната заминува на августовски летен распуст. Се читаме пак во почетокот на септември.
Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите