Море….чим велит дека немат да крадет немат. Е сега не рече “жими мајка“, ама рече чесен пионерско-електроцентралски збор. А го знајме малиот дека електроцентрала му е препотемпонајмило од све. Како? Чек сега да пробам да ти објаснам. Значи чим велит дека….појќе не крадиме научивме лекција… то значит дека некогаш краделе, ама од друга страна во други негови изјави то се карактеризират како политички прогон. Шо значит сега мојме да сме збунети ако сме акмаци и ако не разбираме.

А чоекот токму ради некој шо не разбирет убо си објасна да сфатиме одма секундарно дур речиш оториноларигологија дал краделе или не. Ете беше нападнат од јавноста дека тој не го вратил сатот зш така праеле во ЕУ, а знајме дека тој многу многу не ја мирисат ова огранизација и од извори блиски на Биљана знам дека не сакат да го вратит зш Зоне му го поклони од Унгарија, а не зш….Да дообјаснам сега Мицале шо сакаше да кажит….

Пример: ако сега не крадат, некогаш краделе, ама тогаш не краделе, зш краделе некогаш. Ама тогаш не. Зш ако тогаш краделе сега не би краделе и то се подразбират дека не било политички прогон, ами кражба. Ама то се однесвит на тогаш не на некогаш. А некогашното не е тогашно зш тогаш не е сега, а некогаш е порано, а не е тогаш. Зш тогаш не е со некогаш….Ај дан те збабурам во глата.

Јасно ти е? И мене….јасно де ,јасно ми е зато убо ти објаснав. Е сега ако не добијат на 2-ри април ваљда и Мицале ќе се снајт со тогаш и некогаш пред судојте. Нас ни останвит да си трајме ко досега и да сме пошупливи од кавал, да ги браниме и едните и другите и обавезно да нарачаме штрафцигери за да си ги од откорниме очите после 3 јануари со старт од братот или сестрата за то кој лажел, а кој не. А на изборите да се напрајме парче.

Кај шо реков избори…..незнам Зајко шо избрза со предвремени избори? Види да се разбериме….не дека не сакам избори. Ама пак појќе костуми имам купено за на избори отколку за свадби, а пак да не зборвам за крштевки. Е ова последново ме чудит. На олку дупење толку малку деца родени не можам никако вгла да си ги го напикам.

Мада поголема причина зш сум против изборите се многу многу работи шо се почнаа не ќе можат да се завршат, а беа планирани. Беше планирано второто кревање на пензиите од цели 41 денар…како да не му вервам на Сугарески кој рече дека се напрајле 700 километри патишта, односно 400 ќе се напраел,е а 300 ќе се почнеле, а биле напраени.

Е сега е тука недоумицата се напраја или ќе се. Знам дека не ти е јасно. Ама и овде применија искреноста на Мицалета и ќе сфатиш дека не изградени патишта всушност се изградени кои се во градба и кои ќе започнат да се градат. Е сега ако примениш Ајнштајнова формула која велит: во градба + ќе започнат да се градат = на изградени, ако и само ако: во + ќе = готово. Е сега: готово – ќе + во е еднакво на…..чек чек чек ќе се сетам.

Ама дур се сетам ми текна дека и платите тргнаа на горе. Еве кај и да е видов дека уште малку доктори ќе ги стигнет со плата ѓубреџииве. Имат оглас првиве за 15 000, докториве се вработвет за 12 550 денари. Уште само 2450 денари и равно. А како сме засилени мојт да дојт и да процутит државава и да се десит да ги надминат.
И замисли во НСРМ да се случит та будалија доктор да имат појќе од ѓубреџија??? Свашта. А едните работат со ѓубре, со смрдеа, разни отпадоци, а докториве со луѓе и то туширани, намирисани, со менати гашчи, која со танга која депиплирана……абре мискојна.

И зато не ми е јасно зш докториве бегет од државава, а требит малку трпение. Здравје Боже утре можда ќе земвет појќе и од камионџине шо возет камиони шо ги товарет ѓубреџии. Не мојш да знајш. Не така?

ЏИМИ

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите