Седи. Значи вака…..уф….ние со сите…..ама тие….ох….Абе како да се смирам. Лелеле шо ни се случи лелееееее. Убо викаш …чек да се смирам и ќе ти кажам. Уф….не вервев дека нешто вакво….Значит вака. Се собравме многу луѓе зедовме илјада пароли и под мотото “Слобода за Боки“ се напучивме пред затворот и р`снавме со скандирање: Боки е наш-Ние сме Бокиеви, Газот го даваме – Боки не го даваме, Сите за Боки- Боки со сите……

Оф море брате кога р`сна раја од внатре колегите од Боки Национале…..мрш скотој едни, не му се мешајте на Боки, таман ни дојде асален чоек, уааааааа митингашииииии…абе се забезекнав. Абре на секое наше скандирање ни мавнаа контра ко да беа спремни за гас, за нас де. Ко некој да им кажа. Мада мислам дека ние немавме со нас некој давај газ, ама.

Ние “Боки е наш- Ние сме Бокиеви“ , тие: “Е сега е наш- Ние сме во Боки“, ние: “Газот го даваме – Боки не го даваме“, тие: “И ние газот не го даваме – Боки ни го даваааат“. Абре се шокирав. На митинг да ни манат контра митинг. Абре ова не се десило ни во времето на Грујо. Власта да е контра митингарите. Баре не во оваа мера ко нас шо ни напраја. Абре не испрашија ко Боки Орцета Камчев. Посебно на крај ко викааа: “Оваа не е веќе Боки13-ка, нанананнана наа си ги напрајвме Боки 22-ка нанаанаананаааааааааа.“ Абе страшна работа. Се наежив дури и се начмарив.

Како? Аааа да. Да. Ние сме да го ослободет. Зш од една страна ионака немат да лежит, а ние ќе влезиме во историјата како спасители како шо планират Мицко сега. А пак од друга страна тој не ограби никоко. Не така? Најсетне пак мојт чоекот во текот на судењето ем да затруднит ем да се извинит и на крај ем да го ослободет ем да станит Робин Худ.

Земаше од богатите даваше за сиромасите. Мада јас очеквев од тие шо земаше да земат кисела вода “Пелистерка“ да ждригет жедните. Или пак сирење, патики, некоја операција во “Аџибадем“….шо знам. Вака пак можда поубо. Ко Цацко. Им даваше по 100 денари на свињите шо сакет да си купет само да се рајатисат од инспекцијата.

Абе види. Работите немојт да ги решават гаталец ами паталец. Еф Боки 22-ка како да знајт како е да зејт ако немат давано? Како мојт да се истопорит пред некого да барат, ако му немет барано? Како мојт да дајт, ако немат давано и тој? Не така?

Еве види ја сега во НСРСМ шо се воведвит новата пракса за успех на нашата држава. Како викет србине: Клин се клином избија. Како? Ам ај как да речам на македонски ко неубо звучит: Шајка со шајка се истервит. Не е селски малце?

Тук темава назад. Кој мојт по адекватно да рушит дивоградба од тој шо прајт дивоградби? А? Фантастичен потег. Јас мислев никош не ќе се сетет на ова. И сега браќа немат друго туку да си се продолжит со ова пракса. Пример, викам пример….судија за случај на силување, некој шо имат силувано. Ам како. Ко ќе го рафалисат обвинетиот со прашање имат партали да го напрајт да го напикат в ќош.

Ај фати да те видам нарко дилер ак сам не си нарко дилер?А? Да бе мојш да го фатиш ама за стапот. Абре само со вакви потези ќе не НАТО-изирет, ќе не ЕУ-таназирет, ќе ја победиме ЕК ќе…..евааа кој ѕвонит сега. Не бе не брзај не отворај, не сакам ко ќе си прам со тебе муабет никој да ми сметат. Мојт да згрешам и Момир да ме зејт в тиква.

Пооо шо тропат кој е овај сељак покрај ѕвонче да лупат на вратава дан е …..“ОТВОРИ, ОТВОРИИИИ, ОТВОРИИИИИ, ООО ЏИМИ ОТВОРИ КО ТИ ВИКАМ, ЕЈ ….“. Ко познат гласов….ој низ шпиункана ѕирни. А? Како? Ар не ме дупи ебате беља не траскај зелени каква Катица каков бутур. Шо кој онакво Ката барат кај мене. Ауууу дан сакат да го скријат телфонтот шо не го даде. Лелеле, ојдов јабана.

Ај вака да напрајме….“ОТВОРИИИИ БРЕ ЏИМИИИИ, ОТВОРИИИИ“…..ева ева. Чек да ѕирнам јас. Уххххххх евааа. Те оправ Бибо, те оправ дадееееее. Абе ме здрви. Се посрав ко Латас на суд. Абе знам дека јас ти реков да си дојш кај мене зш не се знајт сега. Колку личиш на Ката мојш ти да го јајш, ама шо потреба да викаш ОТВОРИ, ОТВОРИ….пак и глас скинат имаш ко неа. Ме скина мама ми плака. Ме пресече. Сеј сега кај мене , навечер ќе ојме на плажа, дан се препознает.

ЏИМИ

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите