Абе да би Господ умот ми го испил. Да би јас аир не видел. Да би пролиф на раскрснцава ме фатил. Оф како ли како не се сетив и јас да пишам така. Да пишам писмо како Мицале наш, Господ да го чуват, здрав да излезит од инфективна, да тресит зелени, з`ш иначе ми е досадно.

Ко читав за него како и во критичните моменти се борит за НСРСМ, плачев ко пол кило кромид да љупам, се мрсулаев, се лигаев се здробив. Јунак. Алал да му е шо во критичните моменти здравјето му беше „задња рупа на свиралу“ туку напред му беше просперитетот на нашата мајчица напатена Македонија. Можам да претпоставам и ми идат со тап скалпел вени да сечам, да се мачам за пожртвуваноста негова, која имат предизвикано солзи кои го имет наполнато, не само Вардар, не само Охридско Езеро туку го нормализираа водостојот на Дојран и Преспа.

Како мене не ми текна пред четири години нешто слично да напишам ко ме спасвеа во Струга во хирургија. Не охридско, не …..абе Јандранско Море, можда и Јонско ќе се прелееше. Тој кажа како тешко дишит (Господ да го чуват) ама јас ко ќе навезев дека ми мафнаа 2/3 дебело црево, дека операцијата траеше 7 сати, дека 30 дена ми велеа немам шанса да преживеам со 4 дреној, сонда в нос, 15 инфузии дневно….и само да додаев, ЈА….ЈА НЕ СУ БИТЕН, ДА СИ СЕ ПОСЕРА САМ ВО СЕБЕ, ТУКУ БИТЕН Ѝ СУ НА МАЧЕДОНИЈА…..какви поени ќе добиев.

Плус тој не оту имат прилика да пратит некоја слика….а јас, поооооо, можев да пратам селфи и од чмарот и од раните…мада кој нив ги дупит. Како шо Мицко не ја дупит короната, туку јави дека сакат да ја дупит државава. Нека ни е здрав и жив па и нека ја дупит.

Туку ги слушам последниве вести шо ја спречват Баба да се кофтат. Ех пак ти како заклучив. Да воведиш полициски час од време кога све е затворено со објаснување дека после то имат не контролирано собирање на народот?

Не знам. Можда е грешка на комисијата, на министерот, ама луѓе да сфатиме дека и тие се луѓе. Па под стални притисоци се. Еве од вчера џуба џуба мирни протести за рамноправноста на жените. Се кажвит дека во многу сфери во животот се под мажите. Дури испадна дека се по угнетени од другарите на Аљи Амети. Мада јас не мислам така.

Тук да не јадам трици да одам на аеродром да ги пречекам Роналдо, Џоковиќ, Меси, Тајгер Вудс, Надал и други светски спортски милионери, з`ш ќе се преселвеле во Арачиново, од денес Монтеркалово, државата во држава, каде Зајко ги ослобидил жителите од данок за имот. Мхм.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите