Е како е можно? Е па така шарено. Шо е должен та Васко Стојков, адвокатот на Палчо, та Стефан Димковски да гледет кого возат во Србија, Бугарија такуѓере и во Турција. Како возач негово е да гледат да не се пернит негдека, дан ф`тнит некој знак, а не да се ѕверит на совозачко седиште да чашитвит кого возит. Не туку земвете ги на душа децата под велото на помагање во бегставо на Палчета.

Дури некој се дрзна да речит како можело да прает муабет за прегледи мегледи, а не за то шо го напрај Палчо. Па мојт и толку е лесно. Сега е период на зимници и за то си имет брбано луѓето. Васко му имат кажвено на Палчета за расолот, овај за бабурите како ги имат клаено, колку сол колку киселина и такви ми ти работи. А за Стефана знам дека многу јадит слатко го имат консултирано другар му како се прајт слатко од смокви. И то зелени.

З`ш види вака Палчо години наназад се занимават со зелени. Смокви. И сега ко мојт да бидит градежник, бизнисмен, газда на медиум, политичар, лидер на партија, политички аналитичар, инфлуенсер на социјалните мрежи немојт да е домаќинка? Ко да се поврзвит со девијантни работи и бесправно градење не ќе знаел како се прајт слатко со смокви зелени? Ти се молам. Не да тресит да прајт слатко од зелени. А чим овај расол наречен РСМ му дозволил да се прчит сиве овие години и ниедна прекршочна ниту кривична пријава да се решит з`ш  да не е главен во истиот расол.

Как да е. Све ќе се решит како шо требит. Народ шо имат вакви стручни лица мојт да му се посерит на својата иднина. Но се стегат обрачот. Ете и Мицале со овај случај не берит политички поени туку сакат да придонесит за решавање на случајот. Кажа инженерот дека доста работи знаел од истрагата ама не кажвел сега. Е кога? Од извори блиски на Биљана се дознават дека ако не овај петок другата среда ќе кажел шо знајт. Ебати политичките поени. За Мицале е важна вистината. Не поените.

Додуша и Спасовски со начинот на кој ги терат пресојте не береше смокви зелени за Палча туку и тој се заака по политичките поени. Онака со гордост јас како мал на другарите им покажвев слики од Памела Андерсон. Све некако театрален ми беше. Шуќур шо немаше уште две три слики од Палчета з`ш ќе се избербатеше Оливерчо.

За чудо последниве деној некако исто ми терет и СДС и ДПМНЕ. Ќе да се спремет јако за новата техничка влада. Среќни ми се и едните и другите. Исти ми се едните и другите. Само различна опаковка имет. А морат да се признајт дека ете и без избори Мицко ќе имат 2-3 министри и неколку заменици. Требит да му ја тргниме претставката “предвремениот“. Некако и ко да ми се радват и Таче и Мице. А Али? А ДУИ? Е ова со ДУИ и улогата нивна како во техничка влада така и во идна влада ми личит ко невестата и свадбата. Сите ѝ се радвет, а само еден ќе ја онадит.

А нас ќе не онадит командант Форина. Премиерот на техничката влада на НСРСМ. Според мене конечно асален чоек за водач на држвава. Чоекот ко можеше да водит толку учковци во 2001 година з`ш да не мојт сега да водит два миљони слепци. Чоекот кој со Алија заедно донесе мир во држвава, кој ја спаси државава од самиот себе заслужвит да е технички премиер.

Само едно не ми е јасно. Како на ДПМНЕ во 2013 година не им сметаше командат Форина да е министер за одбрана, а сега не им чинит за премиер. Свашта. Абе не бадијала ти го кажав она за невестата. Ќе си осетиш сам за брзо.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите